Фудбалерите на Пелистер ја остварија четвртата победа оваа сезона во Првата фудбалска лига откако славеа на гости против Шкупи со 0-3. Тимот на Милан Стојаноски во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Шкупи, кој и на овој меч беше домаќин во Струга.
Шкупи постигна гол на почетокот на второто полувреме преку Сухељ Мухарем, но по прегледот во ВАР-собата, не беше признат поради игра со рака на капитенот на чаирскиот тим.
По ова дојде водството за Пелистер. Стрелец беше Петар Петковски по речиси еден час игра.
Откако го скршија отпорот на противникот, битолчани постигнаа и втор погодок преку Александар Ристевски во 73-тата минута, а Лука Булатовиќ со прекрасен погодок стави точка на триумфот.

