Пелистер водеше едно полувреме, па убедливо загуби од Сегед

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, го доживеа и седмиот пораз во исто толку натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Битолчани вечерва потклекнаа пред унгарски Сегед, иако по полувремето имаа предност од 18-19.

Ракометарите на Сегед фуриозно тргнаа во вториот дел и не само што го презедоа водството, туку и убедливо поведоа, а битолчани немаа сили резултатски да се вратат во игра. На крајот домашните сосема заслужено се радуваа на победата од 34-26, додека Еурофарм Пелистер на некој од следните натпревари ќе се обиде да дојде до првиот бод или бодови оваа сезона.

Резултати:

Кил – Алборг 18-27
Загреб – Килце 22-22
Сегед – Пелистер 34-26

- Оглас -

Најнови вести