Кошаркарите на Пелистер во возбудлива завршница успеаја со 77:75 да ја совладаа Сутјеска и да ја остварат шестата победа во регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.
Битолчани беа подобар тим во текот на целиот натпревар, на полувреме имаа предност од 15 поени (43:28), а со тројката на Карпентер на стартот од последната четвртина разликата беше и 19 поени (66:47), но и тоа не беше доволно за мирна завршница.
Противникот направи серија 0:10 и цели пет минути ги остави кошаркарите на Пелистер без поени, а во финишот со тројката на Вулевиќ и трите поени на Томашевиќ од линијата за слободни фрлања го израмни резултатот (75:75) на четири секунди до крајот.
Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, повика тајмаут, а по него одговорноста ја презеде Андреј Маслинко, кој на две секунди до крајот беше фаулиран од Варајиќ.
Маслинко беше сигурен од линијата за слободни фрлања и ја завери победата на Пелистер.
Битолчани по девет кола во АБА2 лигата, имаат скор 6-3 и се наоѓаат на делба на четвртата позиција на табелата.
Кенет Карпентер беше најпрецизен кај Пелистер со 25 поени и 9 скока.