Шампионот на Македонија, еурофарм Пелистер, го доживеа и шесттиот пораз во ракометната Лига на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Веспрем со 33-26. Победникот на мечот беше решен уште во првото полувреме, кое им припадна на домашните со 20-11.
Веспрем натпреварот го отвори со серија од 5-0, која кон средината на првото полувреме се искачи и на +9, 13-4 и 14-5, а во самиот финиш на првото полувреме имаше и рекордни +11 предност, 19-8.
Битолчани во второто полувреме одиграа далеку подобро, дури успеаја и резултатски да го добијат со 13-15 и да го направат опразот поподнослив. Филип Кузмановски со шест гола беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, додека кај Веспрем по седум погодоци постигнаа Фабрегас и Косоротов.