Пелистер жестоко и се одмазди на ФМП Академија за сензацијата во купот

Кошаркарите на Пелистер жестоко им се одмаздија на противниците од ФМП Академија за сензационалната елиминација од националниот куп на Македонија и со победа од 87:45 се пласираа во полуфиналето во плејофот за титулата.

Таму е и екипата на Еуроникел по втората победа во плејофот против Гостивар, денеска со 74:68 како гости. Кавадарчани беа убедливи на првиот дуел, славеа со 90:79, а во рок од десеттина дена трипати го победија Гостивар, откако беа подобри и во четвртфиналето на купот со 84:75.

Пелистер загуби од Академија ФМП во четвртфиналето на најмасовното натпреварување со 98:100 што беше првокласна сензација, но потоа во два меча го елиминира истиот ривал во истата фаза, но во плејофот за титулата.

Денеска и буквално го демолираа ривалот на гостински терен со 87:45, откако дома славеа со 89:84.

Кошаркарите на ФМП Академија во две четвртини вечерва, првата и последната не успеаја да ја минат двоцифрената граница на поени што е вистински раритет.

Во првиот период постигнаа само 5 поени за 10 минути игра, а и во финишот не беа ништо подобри со 9 поени. Пелистер во полуфиналето ќе игра со МЗТ Скопје, или со Куманово, а тука аеродромци водат со 1:0 во серијата до две победи.

Еуроникел ќе му се спротивстави за финале на Работнички, или ТФТ Скопје, а тука најтрофејниот македонски клуб има предност од 1:0 во четвртфиналната серија во плејофот.

 

- Оглас -

Најнови вести