Пласманот на младинците на Еурофарм Пелистер на фајнал-форот во Лигата на шампионите за ракометари до 18 години, се голема радост и гордост за клубот, но и за сите искрени љубители на ракометот во Македонија.
Победата над Динамо Букурешт на негов терен, ги однесе битолските таленти меѓу четирите најдобри во Европа заедно со гигантите Барса од Шпанија, Веспрем од Унгарија и ГОГ Гудме од Данска.
По повод успехот, клубот се огласи преку социјалните мрежи.
„Многупати досега сме биле горди на нашиот тим, ама ова е една посебна радост.
Овие златни деца само потврдија каде е најдобрата школа за ракомет во нашата држава ако не и пошироко. Ова е потврда дека сме на правиот пат да изградиме шампионски генерации. Ова е и големо признание за нашите тренери Фарук Мемиќ, Кире Митревски и останатите дека одлично ја водат школата. Битола, Македонија радувај се!!!! Имаме шампиони!!!!“, порачаа од Е. Пелистер.