Пелистер го претрпе и седмиот пораз во деветтиот меч во деби настапот во АБА 2 лигата, а вечерва подобри од битолчани беа кошаркарите на Рогашка со 92:79.
Македонскиот тим почна добро и имаше предност од 18:15 во првата четвртина, но потоа се разигра ривалот.
Рогашка имаше предност од 48:36 и потоа умешно ја одржуваше двоцифрената предност.
✈️ Flight mode! ✈️
Petar Vujačić ➡️ Terry Armstrong@kkrogaska | Pelister-Bitola#ABALiga2 pic.twitter.com/zgmHy1R9FH
— NLB ABA League 2 (@ABA_League2) February 8, 2022
Битолчани намалија на 10 поени разлика пред стартот на последниот период, но немаа сили за подвиг.
Кесар со 25 поени и Малешевиќ со 24 беа најрасположените кошаркари кај македонскиот претставник, а Вујачиќ беше прв стрелец и кај Рогашка и на мечот со 26 поени.