14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Пенал-драмата и неверојатната радост на навивачите на Гримзби (Видео)

Екипата на Гримзби испиша историја откако успеа да го елиминира Манчестер јунајтед во Лига Купот на Англија. Четвртолигашот водеше со 2:0, но Манчестер јунајтед израмни на 2:2 и се избори за пенали.

Во пенал-рулетот, Манчестер јунајтед во петата серија имаше шут за победа но пеналот на Куња го одбрани голманот на Гримзби и драмата продолжи. Дури 13 серии, односно вкупно 26 изведени пенали требаше да има за да се дознае победникот, а тоа на крајот беше екипата која игра во четвртата лига.

По завршување на мечот, домашните навивачи прославија со влегување на теренот.

Пенал драмата и големата радост на навивачите на Фримзби може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести