Партизан едвај ја оправда улогата на апсолутен фаворит против Сфинтул Георге од Молдавија и со гол од пенал во 104-тата минута се пласираше во полуфиналната квалификациска рунда за настап во Лигата на Европа.
Црно-белите се намачија и во регуларниот дел не успеаја да го пробијат бункерот на анонимниот тим од Молдавија што постои само 17 години, а тоа им успеа во продолженијата.
Бибрас Натхо беше прецизен од белата точка во финишот од првото продолжение, со што го одведе Партизан понатаму.
https://www.youtube.com/watch?v=Ldw0woWRIlg
Во следното коло српскиот претставник ќе игра против Шарлроа, клуб за кој игра нашиот репрезентативец Ѓоко Зајков.