Баерн Минхен им се придружи на Баер Леверкузен, Штутгарт и Фрајбург во полуфиналето на германскиот фудбалски Куп.
Баварците вечерва дома го совладаа Лајпциг со 2-0. Баерн еден час не успеваше да погоди, а тогаш со триминутен блиц-криг на Кејн во 64-та и Луис Дијаз во 67-ма минута, дојдоа до водство кое Црвените бикови беа немоќни да го анулираат.
Кејн и Дијаз на трети меч по ред даваат гол(ови). Англичанецот има три гола на последните два меча, сите три од пенал, додека Колумбиецот даде четири гола на овие два меча и има пет погодоци на последните три натпревари.

