Пенал не значи и гол, Нејмар пропушти прилика да го даде првиот гол за Ал Хилал (Видео)

Нејмар на 31 година ја напушти Европа и реши да прејде во Ал Хилал во Саудиска Арабија, а дека неговиот најдобар фудбал остана во минатото, потврда е и тоа што не може да даде гол ни од пенал.

Нејмар вечерва го игра својот четврти меч за Ал Хилал, а уште нема гол. Вечерва Нејмар изведе пенал, но голманот на Ал Шабаб кој е Кореец, му го одбрани шутот по ноншалантниот залет.

За разлика од него, Кристијано Роналдо вечерва даде гол за победа од пенал и колку толку ги оправдува тешките милиони кои ги добива како плата.

- Оглас -

Најнови вести