Пенал-рулетот донесе сензационална елиминација на Баерн во Германскиот куп

Баерн Минхен сензационално испадна во 1/16-финалето во Германскиот куп откако по подобро изведување на пеналите, го елиминира второлигашот Холштајн Кил.

Домаќините ги погодија сите шест пенали, а за Баерн во шестиот обид утна Марк Рока, што значеше и елиминација на фаворитот.

Баварците нема да имаат можност за хет-трик во популарниот ДФБ покал откако го освојуваа пехарот во претходните две сезони.

Ова е само вторпат во последните 20 години Баерн да не игра во осминафиналето, а ги спречи најпрво Вол со погодок за 2:2 во 95-тата минута од регуларниот дел и потоа и Бартелс со шестиот погодок од пенал за Кил, откако Рока промаши пред него.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести