Ако Бенфика сезонава ја освои титулата во португалското првенство, денешната победа над Брага од 4-1 веројатно ќе биде клучна за освојување на трофејот. „Орлите“ од Лисабон губеа со 0-1 по првото полувреме, откако примија гол од пенал, но во 50 и 66 минута, судијата досуди два пенали за Бенфика, кои Пици ги претвори во гол. Пресвртот беше потврден со голови во 69. и 90. минута, па гостите на крај дури и убедливо победија.
Она што е најважно за Бенфика е што го искористи киксот на ривалот Порто, и на три кола до крајот има предност од два бода разлика, што може да биде пресудно во трката за титулата.