Лил славеше на гостувањето кај Марсеј со конечни 2-1. Гостите ја продолжија победничката серија на три меча во францускиот шампионат благодарение на нивниот најдобар голгетер Николас Пепе, кој беше стрелец на двата погодоци.
На средбата на „Велодром“ се виде од сѐ по нешто. Прво беше поништен гол за Марсеј, потоа судијата досуди најстрога казна со помош на ВАР – технологијата на штета на домаќините, која Пепе ја искористи. Во второто полувреме од 57-та минута мечот беше прекинат поради дивеење на домашните навивачи, а судијата по повеќе од половина час одлучи средбата да се доигра.
Набрзо враќањето на играчите на теренот, Тован го остави својот тим на цедило откако заработи директен црвен картон. Гостите ја довршија работата во судиското надополнување, откако во контра-напад Пепе го постигна својот втор гол на мечот, што за него е вкупно 15-ти сезонава во францускиот шампионат.
Марио Балотели на своето деби за Марсеј ја затресе мрежата во последниот напад од мечот за конечни 2-1.
За биде поразот уште поболен, гостите до трите бода стигнаа со само два прецизни удари кон рамките од голот на Манданда.