Струга Трим Лум е голем фаворит за победа против Брера Струмица, а Работнички е благ фаворит на хартија против Македонија Ѓорче Петров, во денешните два натпревари од Првата македонска фудбалска лига кои се играат од 14.30 часот.
Стружани се лидери на табелата, а немаат првенствен пораз уште од март. Струмичани не се лоши во последно време, имаат само еден пораз на последните пет меча и ова ќе им биде сериозен тест против тим кој даде 22 гола на девет меча, а пред четири дена постигнаа пет во Купот на Македонија на гости кај Лавовите од Ѓорче. Брера освои бод на гостувањето во Струга минатата сезона.
Квотите во Sport Life за конечен тип се многу поблиски на средбата во Скопје. Работнички е претпоследен на табелата, има само една победа и трите бодови им се неопходни. Македонија Ѓорче Петров е фајтерски тим кој сезонава нема реми, на сите мечеви или победуваше или губеше. Лавовите имаат три победи на последните четири меча, нов триумф би ги задржал на безбедното шесто место.


