Пеналџиите на Гана не знаат да му дадат гол на Уругвај, Роналдо им подари гол на Кореанците

Репрезентациите на Португалија и Јужна Кореја играат 1:1 по првото полувреме во рамки на последното трето коло во групата Х.

Португалците поведоа уште во петтата минута преку Рикардо Хорта по асистенцијата на Диого Дало.

https://twitter.com/i/status/1598695503700676609

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, на овој натпревар да им даде одмор на поголем дел од стандардните репрезентативци, но не и на Кристијано Роналдо кој беше виновник за израмнувачкиот гол на Кореанците.
Во 27-та минута, Роналдо несмасно интервенираше по корнерот на Кореанците, одбиената топка дојде до Јонг-Квон Ким кој го совлада Коста.

https://twitter.com/i/status/1598703217130369024

Уругвај има предност од 2:0 против Гана и тоа откако африканската селекција не успеа да реализира пенал. Гана стана првата репрезентација во историјата на Светските првенства што промашила два пенали по ред против иста репрезентација.

Претходно, во четвртфиналето на СП во Јужна Африка во 2010 година, Гана не реализира пенал против Уругвај. Тогаш, Асамоа Гуан не успеа да постигне гол, а сега тоа му се случи на Ају.

Андре Ају во 21-та минута од пенал не успеа да го совлада Роше, а казната ја стигна Гана десетина минути подоцна.

Прво  во 26-та минута, Де Араскаета му донесе водство на Уругвај од 1:0, а пет минути подоцна, истиот фудбалер зголеми на 2:0.

- Оглас -

Најнови вести