Вчера на квалификациските натпревари за СП кои се играа низ Европа, беа видени неколку нереализирани пенали. Имаше многу повеќе утки отколку реализации.
Дури и мега ѕвезди од типот на Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд не погодија од белата точка. Никој нема дадено повеќе голови од пенал од Роналдо, но Португалецот синоќа беше прочитан од ирскиот голман Келехер кој е одличен пеналџија и во Премиер лигата има одбрането четири пенали од седумте кои му ги шутнале.
Халанд не еден, туку утна два пенали. Откако промаши прв пат, судијата го повтори пеналот, а Норвежанецот не успеа ни од втор обид.
Пенали не претворија во гол ни Шпанецот Феран Торес, ни Италијанецот Матео Ретеги. Малерот успеа да го избегне само Летонецот Гутковскис кој погоди против Андора.