Вилјареал води со 2:1 против Реал Мадрид во шпанското дерби од 16 коло, откако во кус период од три минути беа досудени два пенали, по еден на двете страни.
Најпрво Винисиус јуниор имаше око-соколово и примети дека Фојт играше со рака во 59. минута и сигнализираше дека има пенал.
Судијата Градо одлучи сам да ја прегледа спорната ситуација со помош на ВАР системот и досуди удар од белата точка за Реал Мадрид.
Сигурен пеналџија беше Карим Бензема за 1:1, а целата ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.
Само три минути подоцна имаше пенал и за Вилјареал, а со рака играше Давид Алаба.
Австриецот се лизна, топката го погоди в рака и Градо пак покажа на белата точка во 62. минута.
Џерард Морено го надмудри Куртоа и ја врати „Жолтата подморница“ во водство од 2:1, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Првиот гол за Вилјареал и на мечот го постигна Жереми Пино во 47. минута.