Екипите на Фулам и Ипсвич попладнево во Лондон одиграа меч кој ќе влезе во премиерлигашката книга на рекорди.
Средбата заврши 2-2, а три од четирите голови беа постигнати од пенал. Трите пенали беа во второто полувреме.
Она што до денеска не беше видено во историјата на Премиер лигата, а се случи на „Крејвен котиџ“, е најбрзото растојание помеѓу два пенали. Најпрвин во 69-та минута беше досуден пенал за Фулам, а само 62 секунди подоцна беше досуден пенал и за Ипсвич. Пеналот беше изведен и реализиран точно 2 минути и 43 секунди по голот од пенал за Фулам.