Пеналите беа во фокусот по првите 45 минути: Струга поведе од белата точка, Пјуник израмни на ист начин

Струга Трим Лум и Пјуник играат 1:1 по првото полувреме на дуелот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Добро започнаа фудбалерите на македонскиот првак, а по несмасна реакција на еден од гостинските дефанзивци, беше досуден пенал за Струга ТЛ.

Исусниот Бесарт Ибраими од ваква ситуација не греши и во осмата минута донесе радост за македонскиот преставник.

По примениот гол, гостите од Ерменија заиграа поофанзивно. Во 23 минута, беше досуден пенал и за гостите, а Виљела погоди од белата точка, за израмнување на 1:1. Гостите повеќе ја имаа топката во свој посед, изведоа дури пет корнери, но резултатот остана непроменет по првите 45 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести