Пеналите го уништија европскиот сон на Хетафе, Интер и Манчестер јунајтед продолжуваат во ЕЛ како главни фаворити (Видео)

Интер успеа да го добие нокаут мечот против Хетафе во осминафиналето во Европа Лигата и продолжува да атакува на титулата, заедно со Манчестер јунајтед како топ-фаворити.

И Црвените ѓаволи се во четвртфиналето, откако вечерва одиграа ревијален реванш-меч на кој го добија со 2:1 против ЛАСК и со вкупен резултат од 6:1 се најдоа во завршницата.

Многу поинтересно беше на „Велтинс“ арената во Гелзенкирхен, каде се играше еден меч за пласман во четвртфиналето, а Интер беше поуспешен од Хетафе и славеше со 2:0.

Ромелу Лукаку им донесе предност на Италијанците со петти гол на петтиот меч по ред, а Белгиецот беше прецизен во 33. минута.

https://twitter.com/CoppaVids/status/1291095820062920709?s=20

Во 75. минута беше досуден пенал за Хетафе, но го промаши Хорхе Молина, со што по вторпат сезонава згасна европскиот сон на тимот од Мадрид.

https://twitter.com/D9INE_FOOTBALL1/status/1291110322531479552?s=20

Хетафе утна удар од белата точка и во последното коло во шпанската Ла Лига против Левенте, што ги чинеше нов настап во Европа Лигата за следната сезона, а и вечерва имсе случи истото и против Интер.

Казната стаса во 83. минута кога Кристијан Ериксен погоди за победа на Интер од 2:0.

Манчестер јунајтед направи пресврт вечерва против ЛАСК на „Олд Трафорд“ и победи со 2:1. Во Линц Црвените Ѓаволи славеа со 5:0 и на убедлив начин заминаа на завршницата во Германија.

Лингард и Марсијал беа стрелци на головите за домаќинотво 57. и во 88. минута

ЛАСК поведе со прекрасниот гол на Вејсингер во 55. минута што беше и единствениот погодок на Австријците во двомечот со англискиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести