Репрезентациите на Унгарија, Словачка и Шкотска на се последните три патници на Европското првенство, откако се радуваа по вечерашните финалиња во баражите од Лигата на нации.
Шкотска на драматичен начин, дури по изведување на пенали се радуваа во Белград против Србија. Гостите имаа водство од 1:0 се до 90 минута, кога Србите израмнија на 1:1 и се изборија за продолженија. Откако во дополнителните 30 минути мрежите мируваа, мораше да се шутираат пенали.
Шкотите погодија во сите пет удари, а Србија откако погоди четири пати по ред, во клучниот удар од белата точка, ударот на Митровиќ го одбрани голманот Маршал и ја испрати Шкотска на првото ЕП по пауза од 24 години.
Во Северна Ирска мораше да се играат 120 минути, а на крајот Словачка се радуваше на пласман на ЕП. Гостите поведоа со голот на Куцка во 17 минута и се до 88 минута беа во позитива. Пред крајот на регуларните 90 минути, Скринијак си даде автогол и Северна Ирска стигна до 1:1 и дополнителни 30 минути.
Во продолженијата, Словаците со голот на Дурис во 110 минута стигнаа до 2:1 што на крајот беше доволно за победа и место на континенталниот собир.
Унгарија направи неверојатен пресврт против Исланд и победи со 2:1. Гостите имаа предност од 1:0 со голот на Сигурдсон во 11 минута и така беше се до 88 минута. Тогаш Него погоди за 1:1, а кога се чинеше дека ќе има продолженија, Сободија со гол во 92 минута донесе победа и голема радост на Унгарија.