Пеналите на Италија – Англија најгледан настан од погребот на принцезата Дијана наваму

Синоќешното финале на ЕВРО 2020 во кое Италија ја победи Англија на пенали, постави рекорд на гледаност на телевизија кај британската публика, а пикот биле пеналите кои одлучуваа за титулата.

Објавено е дека дури 30,95 милиони жители на Обединетото Кралство ги гледале пеналите, и тоа е најголема гледаност на ТВ во државата од погребот на принцезата Дијана во 1997 година наваму. Речиси 30 милиони го гледале целиот тек на мечот, а при пеналите, бројката отишла и над 30 милиони.

 

- Оглас -

Најнови вести