35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Пеналите одлучија Челзи за титулата во Лига купот да игра против Манчестер сити

Фудбалерите на Челзи ги погодија сите четири удари од белата точка, нивните ривали од Тотенхем имаа половичен ефект во пенал-рулетот, кој се заврте на страната на тимот од „Стемфорд бриџ“ и одлучи избраниците на Маурицио Сари да играат со Манчестер сити за титула во Лига купот.

Вилијан, Аспиликуета, Жоржињо и Луиз ги погодија пеналите за Челзи, а на спротивната страна кај Тотенхем не погодија Даер и Лукас Моура, по што играчите на домашниот тим се радуваа на пласманот во финалето.

Во регуларниот дел беше 2-1 за Челзи, првиот меч го доби Тотенхем, па веднаш се замина на изведување на удари од белата точка. Во англискиот Лига куп не важи правилото за повеќе постигнати голови на гости при израмнет вкупен резултат, па пенал-рулетот одлучуваше.

Во основните 90 минути од реванш-мечот, Челзи поведе со 2-0 со головите на Канте и Азар во првото полувреме, а Тотенхем се избори за пенали со голот на Љоренте во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести