Пеналите се мистерија за Манчестер јунајтед – Утки на Рашфорд и на Марсијал за едно полувреме (Видео)

Тим Крул го спаси Норич од вистинска катастрофа во првото полувреме и со два одбранети пенали ја продолжи лошата серија на фудбалерите на Манчестер јунајтед.

Маркус Рашфорд не успеа да погоди од белата точка во 28. минута, а потоа и Антони Марсијал не беше успешен во 43. минута.

https://twitter.com/D9INE_WORLDWIDE/status/1188504342875131905?s=20

Со овие две утки играчите на Јунајтед стасаа до само 25 посто погодени удари од 11 метри и сезонава имаат два успешно изведени пенали од вкупно шест обиди.

 

- Оглас -

Најнови вести