Пеналите вторпат по ред го одлучуваат светскиот шампион, ватерполистите на Унгарија на секои десет години ја освојуваат титулата 

Ватерполо репрезентацијата на Унгарија е нов Светски шампион откако во финалето на Мундијалот кој се игра во Фукуока, Јапонија, по подобро изведување на пенали ја совлада Грција. Мечот во регуларниот дел заврши 10:10, а во пенал серијата беше 4:3 за Унгарија.

И на претходното СП кое се играше, пеналите го одлучуваа шампионот, таму Шпанија беше подобра од селекцијата на Италија.

https://twitter.com/WorldAquatics/status/1685233835511083008?s=20

Ова е четврта титула светски шампион за Унгарија, а интересно е што претходните две титули го освои во 2003 и во 2013 година, додека првата титула ја освои во далечната 1973 година.

Унгарците во финалето кое изболуваше со пресврти беа подобри од Грција која пред две години, на претходното СП кое се играше во Будимпешта, го освои бронзениот медал.

Унгарија беше подобра во првите две четвртини, водеше и со 5:3, но Грците во третата четвртина направија пресврт и поведоа со 6:5, но во одлучувачката четвртина се влезе израмнето 7:7. Во неа, Унгарците постојано беа во предност, но во последната минута Грците промашија шут за водство. Унгарците погрешија во следниот напад, по што Грција доби шанса која не ја искористи и петерците го одлучуваа победникот.

Во пенал-рулетот, подобри беа ватерполистите на Унгарија и славеа со 4:3. Во пенал-рулетот, херој беше голманот на Унгарција, Вогел кој одбрани дури четири удари од пет метри на грчките ватерполисти.

- Оглас -

Најнови вести