13.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Пеналот за кој зборува цела Европа: Го виде соиграчот до него, па застана (Видео)

Валенсија со минимални 1-0 славеше над Осасуна и се оддалечи од опасната зона, а единствениот гол беше дело на Рамазани од пенал во 67-мата минута.

Токму за пеналот кој го изведе белгискиот интернационалец зборува цела Европа. Тој е познат по специфичниот начин на изведување пенали, кој трае премногу долго, а тоа очигледно го налути и неговиот соиграч Хозе Гаја, кој прерано втрча во шеснаесетникот.

Фудбалерите на Осасуна веднаш започнаа да протестираат, а главниот судија му дозволи на Рамазани повторно да го изведе пеналот. Како Белгиецот беше изненаден од неговиот соиграч, може да погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести