11.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Пеналот за Вардар е правилно досуден, потврди Судиската комисија на ФФМ (Видео)

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија информира дека одлуката донесена во 51-вата минута од натпреварот меѓу Вардар и Струга Трим Лум, одигран во рамките на деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига е исправна.

По прегледот на видеоснимката беше потврдено дека по центашутот на Маневски, одбранбен играч на Струга Трим Лум, Илиевски играл со рака во сопствениот казнен простор, по што главниот судија со помош на ВАР-технологијата правилно досуди казнен удар во корист на домашниот тим.

„Судиската комисија ја потврдува правилноста на одлуката, која е во целосна согласност со Правилата на играта и ВАР протоколот“, се вели во соопштението објавено на сајтот на ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести