Австриската компанија за игри на среќа „Новоматик Македонија“ останува генерален спонзор на Вардар и во наредните 12 месеци. Од Новоматик велат дека одлуката за продолжување на договорот за соработка е донесена бидејќи ФК Вардар не е само портски клуб, туку и симбол на македонскиот идентитет и успешен национален амбасадор.
„Денес, заедно со капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, објавуваме дека спортската бајка продолжува! И во следната фудбалска сезона Новоматик Македонија и ФК Вардар го продолжуваат договорот за генерално спонзорство во вкупна вредност од дополнителни 1 милион евра. Наша заедничка цел останува да придонесеме во градењето на силен спортски колектив кој ќе биде предводник на новата ера успеси на македонскиот спорт“, рече претставникот на менаџментот на Новоматик Македонија, Петар Пенчев.
Од Новоматик Македонија се позитивно изненадени од успехот на Вардар остварен во претходната сезона и тоа е само уште еден плус за соработката да биде продолжена.
„Поддршката што ја дадовме за Вардар беше искрена. Искрено не очекувавме дека може во првата сезона да има таков успех. Вардар го освои Купот не израдува сите со пласманот во европскиот куп“, додаде Пенчев.
Генералниот спонзор на Вардар, на подарок доби и црвено-црн дрес потпишан од вардаровите ѕвезди Горан Закариќ, Азар Омерагиќ и Роџерс Мато.