Македонскиот претседател Стево Пендаровски средбата Македонија – Австрија ја гледаше во Скопје, во друштво на легендата Дарко Панчев и австрискиот амбасадор кај нас Георг Вуцас.
„Навиваме за нашите заедно со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев. Навивачкиот дух го има и австрискиот амбасадор Вуцас. Верувам дека нема да нè „скара“ вечерашниот натпревар“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.
Кога Горан Пандев го постигна голот, Пендаровски потскокна од радост, но сепак на крајот позадоволен беше амбасадорот на Австрија.
Подоцна претседателот испрати и порака со поддршка до фудбалерите.
„Честитки момци за храбрата игра, и во победи и во порази секогаш со вас!“.