Пеп: Ако некој сака да му ја одземе топката на Халанд за да шутира пенал, ќе си го добие по лицето

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е задоволен од играта, но и од карактерот што го покажа новата ѕвезда на Граѓаните, Ерлинг Халанд. Според Гвардиола, Халанд веднаш покажал дека тој може да биде вистински лидер на теренот, а тоа се потврди и на дуелот од првото коло против Вест хем.

Халанд постигна два гола, еден од пенал, а Гвардиола вели дека веќе е јасно кој ќе ги шутира пеналите за Сити оваа сезона.

„Сè уште не го познавам доволно добро Халанд затоа што заедно сме три недели, максиум еден месец. Има време да видам како ќе реагира во различни ситуации. Знам дека кога имаше критики на негова сметка, тој мирно тренираше. Ми се допадна како ја зема топката за да го шутира пеналот. Ако некој негов соиграч решеше да му ја одземе топката, сигурно ќе добиеше удар во лицето. Сигурен сум во тоа. Тоа само ја покажува неговата самоувереност, амбиции и менталитет. А што е најважно, постигнува голови“, рече Гвардиола како впечаток за Халанд по победата над Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести