Пеп е далеку од продолжување на договорот, Сити има две опции за наследник на клупата

Пеп Гвардиола ја почна сезоната како последна од неговиот договор со Манчестер сити. Иако се работи за негово продолжување, што е желба на управата на Граѓаните, од шпанскиот стратег уште нема ни трага ни глас.

Секако дека Пеп го има последниот збор дали ќе остане на „Етихад“ по крајот на сезоната или не, но со оглед на тоа дека му преостануваат уште осум месеци од соработката, ќе треба да побрза со одлуката.

Додека се чека тоа, Граѓаните не спијат мирно, па веќе наведоа двајца кандидати кои може да го наследат еден од најуспешните менаџери во изминатава деценија. Тоа се Маурисио Покетино, ексменаџерот на Тотенхем, како и предводникот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.

Покетино има неколку опции, како ПСЖ, Манчестер јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, доколку се ослободи место во еден од наведените гиганти, а наскоро очекува да се врати во фудбалот бидејќи речиси една година е без работа. Што се однесува за Нагелсман, тој не поседува многу искуство, но покажа дека има потенцијал да биде успешен тренер откако се запиша како најмлад стратег во полуфиналето од Лигата на шампионите, кога со Црвените бикови во ланското издание стигна до топ 4 фазата пред елиминацијата од ПСЖ.

Гвардиола инаку од 2016 година досега освои осум трофеи со Сити, од кои две се титули во Премиер лигата, но и натаму не може да го одведе тимот до најпосакуваниот пехар во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести