Пеп ги разочара навивачите на Сите откако најави што ќе прави кога ќе му истече договорот

Пред почетокот на оваа сезона, Пеп Гвардиола и Манечстер сити, го продолжија договорот до 2027 година, но токму тогаш се случија и најслабите резултати на клубот откако Каталонецот го презеде клубот.

Гвардиола сега за медиумите од Островот најави што ќе прави откако ќе му заврши договорот со „граѓаните“, а неговиот одговор сигурно дека ќе ги разочара навивачите на Сити.

„Сакам луѓето да ме паметат како тие сакаат. Откако ќе ми заврши договорот со Сити, прекинувам со работа. Не знам дали ќе одам во пензија, но сигурно ќе направам пауза.“ – рече Гвардиола.

Запрашан за лошите резултати оваа сезона, Гвардиола вината ја презеде на себе и вели дека е сплет на околности.

„Оваа сезона е голема лекција за сите нас. Не постои само една причина зошто оваа година беше толку лоша, постојат многу детали, како на пример погрешните одлуки кои јас ги донесов. Сепак, ова е година во која многу научивме.“ – вели тренерот на Сити.

Манчестер сити оваа сезона се уште има шанса да освои трофеј, откако успеа да дојде до финалето на ФА купот, каде за противник ќе го има Кристал палас.

- Оглас -

Најнови вести