Пеп го продолжува трендот, ќе троши 70 милиони евра за лев бек

Манчестер сити и Пеп Гвардиола ќе го продолжат трендот на енормно трошење за дефанзивни фудбалери, при што во најскоро време треба да се обезбеди нов играч на левата бековска позиција која е најранлива за новиот англиски првак.

Изборот се падна на талентираниот 18-годишен Нуно Мендеш од Спортинг, кој сезонава се проби во првиот тим и беше клучна фигура на Рубен Аморим во освојувањето на титулата во Португалија по пауза од речиси 20 години.

Сити наводно е подготвен да издвои дури 60 милиони евра за талентираниот Португалец, со дополнителни 10 милиони евра во бонуси, или пак да го вклучи шпанскиот бек Педро Поро во трансферот, кој моментално е позајмен на Лавовите и вреди 8,5 милиони евра.

За Мендеш инаку се распрашуваат Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но се чини дека Сити како најзагреан ќе ја добие битката за неговиот потпис. Инаку, бекот на Спортинг со добрите партии претходно сезонава обезбеди место во репрезентацијата на Португалија за претстојното Европско првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести