Дефанзивецот на Кристал палас, Марк Гехи, налето ќе биде слободен фудбалер бидејќи му завршува договорот и нема да биде продолжен, а сите најави беа дека тој ќе се пресели во Ливерпул.
Сепак, сега во трката по неговиот потпис се вклучи и Манчестер сити, а Пеп Гвардиола сака да ја освежи дефанзивната линија по напорната сезона и бројните повреди. Каталонецот гледа идеално решение во репрезентативецот на Англија, па сега Граѓаните се во пол-позиција за потписот на Гехи.
Дваесет и петгодишниот дефанзивец пред четири години пристигна во Кристал палас за сума од 23,4 милиони евра од редовите на Челзи, а за репрезентацијата на Англија одигра 26 натпревари.

