1.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Пеп Гвардиола одговори на седум прашања за само 70 секунди: Ароганција или брзање?

Манчестер сити ја прекина низата од два порази по ред и неочекувано тешко славеше над Лидс со 3-2, со гол во 91-вата минута. „Граѓаните“ веќе во вторник ги очекува нов предизвик, гостување кај Фулам во Премиер лигата.

Пеп Гвардиола се појави пред новинарите на официјалната прес-конференција, а Каталонецот успеа да одговори седум прашања за само 70 секунди. Дали се работи за ароганција или брзање – проценете сами.

– Дали Манчестер сити минатата сезона би го победил Лидс на ист начин?

„Не знам, не можам да знам што би се случило, не знам.“

– Дали менталитетот на Манчестер сити се промени?

„Затоа што победивме. Се зависи од тоа дали Фоден ќе постигне гол. Не знам дали менталитетот може да се дефинира по само една победа. Не верувам во такви работи.“

– Дали ве загрижува тоа што Донарума го доби и четвртиот жолт картон оваа сезона?

„Имам многу, многу грижи. Што е тука е.“

– Дали разговаравте со Донарума?

„Не.“

– За Фулам?

„Марко Силва е таму долго, секогаш тоа се тешки натпревари. Имам чувство дека секоја година се се подобри со топка. Тежок противник, ги гледав нивните натпревари против Челзи и Арсенал.“

– Дали Родри ќе биде подготвен да игра?

„Се уште не.“

– Дали Родри ќе биде подоготвен за мечот против Сандерленд?

„Не знам.“

- Оглас -

Најнови вести