5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Пеп Гвардиола пред мечот со Борнмут: „Халанд се враќа!“

Манчестер сити во недела го пречекува Борнмут, второпласираната екипа на табелата во Премиер лигата. „Граѓаните“ се пред нов голем предизвик, а главоболки на Пеп Гвардиола му создаваат повредените фудбалери.

На прес-конференцијата пред мечот, Каталонецот, задоволно најави дека Ерлинг Халанд се враќа во составот и ќе се обиде да помогне, откако поради повреда го пропушти мечот против Свонси во Лига купот на Англија.

На прашање околу евентуалното враќање на Педри, Гвардиола рече дека кај Шпанецот постои желба, но и кај останатите фудбалери на Сити, тој да се врати, но во моментов иако постои желба, тешко дека ќе биде вклучен во составот за овој значаен меч за „граѓаните“.

- Оглас -

Најнови вести