Пеп Гвардиола пронајде „копија“ на Ерлинг Халанд и ќе го купи за да биде негова замена

Со заминувањето на Хулијан Алварес од клубот, Манчестер сити остана без важен дел од тимот. Сепак, на почетокот на сезоната, на Граѓаните тоа не им претставува голем проблем бидејќи Ерлинг Халанд игра одлично, но Пеп Гвардиола реши да најде замена за Норвежанецот. Тоа би можело да биде младиот Исланѓанец, Ори Оскарсон.

Ерлинг Халанд несомнено е првиот напаѓач на Манчестер сити, но ниту тој не може да ги одигра апсолутно сите натпревари оваа сезона.

Хулијан Алварес често знаеше да го замени Норвежанецот минатата сезона и во клучни моменти, но со заминувањето на аргентинскиот напаѓач во Атлетико Мадрид, сега Сити остана без соодветно решение на оваа позиција, но тоа нема да биде така уште долго.

Според медиумите на Островот, англискиот првак до крајот на трансферниот рок би можело да го ангажира 19-годишниот напаѓач на данскиот Копенхаген, Ори Оскарсон, кој физички и со својата игра доста потсетува на Ерлинг Халанд.

Исланѓанецот ја започна сезоната многу добро. Постигна седум гола на 11 настапи, со што привлече внимание на себе. Очекува да направи трансфер до крајот на летниот преоден рок, а Манчестер сити е сериозно заинтересиран.

Пеп Гвардиола го гледа Оскарсон како идеална замена за Ерлинг Халанд. Ниту цената не е висока бидејќи данскиот тим е подготвен да го продаде за 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести