Пеп: Играчите кои јас ги сакам не се достапни во јануари

Манчестер сити во понеделник продолжува со обврските во Премиер лигата откако последните два предизвици им беа во ФА односно Лига Купот на Англија. Актуелниот шампион на Англија го пречекува Вулверхемптон на „Етихад“ во рамките од 22. коло во шампионатот, а Пеп Гвардиола на прес-конференцијата во пресрет на мечот говореше за евентуални засилувања на Сити во зимскиот преоден рок.

„Нема потреба да купуваме играчи во јануари ако цел тим е здрав. Најчесто во овој период се реализираат позајмици, но за големи клубови како нас, играчите кои ги посакуваме обично не се достапни во зимскиот преоден рок. Ако веќе купуваме, ќе доведеме само еден играч кој би ни бил од корист во следните пет-шест сезони, а не да биде аквизиција само за неколку месеци“, истакна Гвардиола.

Сити продолжува да ја води битката со лидерот Ливерпул за врвот во Премиер лигата. „Граѓаните“ во минатото коло им го нанесоа првиот пораз на „црвените“ во Премиер лигата за оваа сезона, па сега разликата во бодови е одново на четири. Ливерпул денес има шанса да „избега“ на седум бода доколку слави на гостувањето кај Брајтон (16 часот), па барем до понеделник да бидат осигурани на чело на табелата.

- Оглас -

Најнови вести