Пеп Гвардиола испиша нови страници во историјата на англискиот фудбал во триумфот на неговиот Манчестер сити против Ливерпул во Комјунити шилд. Тој е првиот менаџер од Премиер лигата кој заработи жолт картон, Шпанецот ја отвори сметката уште во првото полувреме од дуелот кој се играше на „Вембли“.
Гвардиола бурно реагираше по еден остар старт на Џо Гомес, почна да му вика на четвртиот судија за дефанзивецот на Ливерпул да биде санкциониран, но наместо тоа, главниот арбитар Мартин Еткинсон одлучи да му покаже картон на предводникот на Граѓаните и така стана дел од историскиот момент доделувајќи го првиот картон на менаџер во англискиот фудбал.
Ова ново правило е воведено во пресрет на новата сезона во Премиер лигата , а не беше потребно чекање да го видиме првиот картон доделен на менаџер.
https://twitter.com/btsportfootball/status/1158032048969388033?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1158032048969388033&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPremier-League%2Fa294254-Zuti-karton-za-Pepa-prvi-put-u-istoriji.html