Пеп повторно ги напаѓа ФИФА и УЕФА: Фудбалери се, а не роботи

Пеп Гвардиола е еден од најгласните менаџери кога станува збор за густиот распоред, што е главна причина за честите повреди на фудбалерите. Стратегот на Манчестер сити е принуден често да ротира со составот со цел да атакува на сите фронта, а воедно да го сочува здравјето на своите играчи.

„Фудбалерите се луѓе, а не роботи. Знам дека дел од нив се вознемирени што не играат на секој натпревар, но едноставно тоа е невозможно. Доколку не ротирате со составот, не можете да се натпреварувате во сите конкуренции. Секако дека играчите имаат неверојатен менталитет и се подготвени за секој предизвик, но факт е дека потребен им е одмор. ФИФА и УЕФА ги убиваат играчите, од почетокот на сезоната не сме направиле пауза во текот на една работна недела, буквално ниту еднаш. Ротирањето и мене ми прави проблем. Кога ќе победиме, велат „браво Пеп, ти си гениј“, но кога ќе загубиме, се лутат на ротацијата“, посочи Гвардиола.

Манчестер сити утре го пречекува Дортмунд во првото четвртфинале во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести