Пеп со демант околу можниот трансфер на Нејмар во Сити

Манчестер сити досега вложи малку повеќе од 100 милиони евра за Калвин Филипс и Ерлинг Халанд, засилувања со кои Пеп Гвардиола ќе го брани тронот во Премиер лигата, а воедно ќе го напаѓа толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Се шпекулираше дека Граѓаните нема да застанат со шопингот, па се најдоа во сагата околу Нејмар и неговото потенцијално заминување од ПСЖ. Бразилската супер-ѕвезда наводно е на излезна врата, а Сити се истакна како кандидат за неговиот потпис.

Сепак, Пеп ги демантираше шпекулациите.

„Жал ми е, но тоа не е вистина. Една од многуте лаги, па не може Сити да купува по 150 играчи секое лето. За Нејмар можам само да кажам дека е феноменална личност и фудбалер“, истакна Гвардиола.

Инаку англискиот шампион ноќеска ќе ги почне подготовките со пријателски меч против Клуб Америка.

- Оглас -

Најнови вести