Пепе го раскинува договорот со Бешикташ

Од понеделник, португалскиот дефанзивец Пепе, ќе биде слободен играч, откако и официјално ќе ја раскине соработката со Бешикташ. Турските медиуми тврдат дека денеска Пепе се поздравил со своите досегашни клупски колеги и стручниот штаб, и им кажал дека го напушта истанбулскиот гигант.

Искусниот Пепе има титули европски првак и на клупска и на репрезентативна сцена, после Мундијалот во Русија се шпекулираше дека интерес за него има од некои англиски премиерлигаши, но тој остана во Бешикташ. Иако е дефанзивец, тој сезонава даде дури пет гола, од кои три во турската лига, а два во Лига Европа.

Годишната плата на 35-годишниот Пепе беше 4,7 милиони евра и Бешикташ има проблем со висината на платата и исплатата. Повторно се зборува дека кариерата ќе ја продолжи во Англија, а простувањето со фановите на Бешикташ ќе го има утре на дуелот со Трабзонспор.

- Оглас -

Најнови вести