Легендарниот Пепе и на 41-годишна возраст е активен на фудбалските терени и настапува за екипата на Порто. Тој и неговите соиграчи синоќа беа поразени на домашен терен од Гимараиш со 1-2, а легендарниот Португалец во 70-тата минута заработи директно исклучување.
Овој црвен картон беше 20-ти во неговата кариера, а причината за која го доби се протестите кон асистентот-судија, кому му покажуваше со рацете да стави очила за да гледа подобро.
https://twitter.com/karlosjoga8/status/1777110106225733752