Николас Пепе одигра слаб деби-меч за Ница, клуб за којшто настапува како позајмен играч од Арсенал.
Ница го загуби популарното дерби на Медитеранот против Олимпик Марсеј со 0:3, а менаџерот на тимот, Луцијан Фавр, е незадоволен од настапот на Пепе.
„Не сакам да чујам никакви оправдувања. Пепе нема доволно натпревари во последно време, но тоа не е алиби за ваков слаб настап. Му фалеше ритам, пресинг и што најмногу боли, желба за игра. Чудно за фудбалер што долго време не играл во Арсенал. Ќе мора да се поправи ако сака да игра за Ница“, изјави Фавр.
Пепе е најскап фудбалер во историјата на Арсенал со платени 80 милиони евра при неговиот трансфер од Лил во 2019 година и има договор за позајмица со Ница за оваа сезона.
Интересно е што во Ница прифати плата помала за околу 3 милиони евра, или 25 отсто намалување, па клубот за коштој игра сега, а тоа е Ница, ќе му плаќа 50 отсто од платата, а Арсенал 25 отсто со договорените 25 отсто намалување.