Португалија ќе добие големо засилување во одбраната бидејќи се враќа Пепе.
Искусниот дефанзивец по последните тестирања е негативен на Ковид 19 и ќе му се стави на располагање на селекторот Фернандо Сантош.
Не е јасно дали тој би бил во првиот состав со оглед на тоа дека во последниве денови тој мораше да седи во изолација. Доколку стартува, Пепе би требало да биде во комбинација со Жозе Фонте.
Двајцата стопери кои што се проектирани за средбата против Македонија во вторник заедно имаат 77 години (Пепе 39), Фонте (38) и можеби токму тоа да претставува одлична шанса преку брзи напади да ги изненадиме домаќините.