Пепе не внимаваше кога Роналдо му пријде одзади, па доби разладување (Видео)

Кристијано Роналдо на тренинг му приреди шок на својот пријател и долгогодишен репрезентативен колега Пепе, со кого играа заедно и во Реал Мадрид. Пепе лабаво си седеше на тревата, а 36-годишниот Роналдо му пријде одзади на две години постариот Пепе и му истури ладна вода врз главата.

Пепе оваа шега ја прифати со насмевка, иако во прв момент веројатно беше изненаден и шокиран.

„Екстремна жештина? Капитенот е тука да помогне“, напишаа на инстаграм-профилот на португалската селекција.

 

https://www.youtube.com/watch?v=tP3ThLiImq4

- Оглас -

Најнови вести