Пепе Бордалас и неговите избраници од составот на Хетафе се хит во Ла Лига, а со денешната победа против Атлетик Билбао стасаа до 50 бодови и се на прагот на историски успех и пласман во Лигата на шампионите.
Бордалас блеска сезонава, одлично го води клубот од Мадрид, а и денеска покажа дека си го знае занаетот. Во 55. минута му даде шанса на напаѓачот Анхел да влезе во игра, а токму тој е стрелецот на победничкиот гол против Атлетик. Анхел погоди во 78. минута доволно за 13-ти триумф сезонава за Хетафе и зацврстување на четвртото место на табелата.
Таа позиција гарантира настап во Лигата на шампионите следната сезона, што би бил историски подвиг за „малиот“ клуб од Мадрид.
Бордалас знае и да мотивира, а погледнете како тоа го прави пред стартот на мечевите на Хетафе.
https://twitter.com/LaLiga/status/1114864256913235969