Перес донел одлука за иднината на италијанското маестро

Пред реваншот меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во јавноста се појавија шпекулации дека тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти е пред отказ. По победата на Реал и елиминацијата на ПСЖ, работите целосно се променија.

Сега најавите се дека Анчелоти не само што ќе остане на чело на клупата, туку дека италијанскиот стратег ќе биде на „Сантијаго Бернабеу“ и следната година.

„Карло Анчелоти ќе биде тренер на Реал Мадрид и во наредната сезона. Во тоа веќе никој нема сомнеж во клубот“, пишуваат мадридските медиуми.

Перес бил восхитен од тоа како Анчелоти ги подготвил играчите и стратегијата за дуелот против ПСЖ. Реал победи со 3:1 и на тој начин ја анулираше негативата од еден гол по дуелот во Париз.

- Оглас -

Најнови вести