Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, поучен искуството во изминатите две години, во текот на наредните денови планира да им достави ултиматум на Килијан Мбапе и неговите претставници.
Договор на Мбапе со ПСЖ истекува налето и фудбалерот веќе од јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните екипи и според шпанските медиуми, Перес ќе му постави ултиматум, или во јануари ќе биде потпишан договор или Реал Мадрид и дефинитивно ќе се откаже од трката по неговиот потпис.
Наводно, Мбапе сака негов следен клуб да биде Реал Мадрид, но не сака на средина од сезоната да потпише договор со Кралевите.